-->
-->
Бил пријавен за исчезнат, го нашле мртов во реката Пена
-->

Полицијата информира дека денеска е најден мртов 62-годишникот кој беше пријавен како исчезнат на 31 декември. Тој бил најден во водите на реката Пена кај Фалише.
„Денеска околу 11.30-11.40 часот, во водите на река Пена, во атарот на тетовско Фалише, пронајдено е телото на И.Л.(62) од Тетово, за кого на 31.12.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Неколку дена потоа по И.Л. интензивно се трагаше со екипи на СВР Тетово, а во потрагата беа вклучени и кучиња-трагачи – информира СВР Тетово.
Во текот на денот се организира увид во координација со Јавен обвинител и со учество на лекар по судска медицина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
