Балкан
29. August 2016 - 9:00

Била опседната со црна магија: На бабата и ги ископала очите и и ги исекла ушите

Наташа Николчевиќ (28) од Белград е уапсена во саботата по монстуозното убиство на својата тетка Драгиња Николчевиќ (80) на која со нож и ги ископала очите и и ги отсекла ушите. Обдукцијата покажала дека несреќната старица имала над 40 убоди од нож како и подливо по телото нанесени од летва.

Познаници на семејството Николчевиќ велат дека Наташа подолго време ја тероризирала својата тетка и со постојани уцени и вршела притисок да и ја препиште куќата, а мештаните велат дека била опседната и со црна магија. Страотната глетка ја затекнала роднина на Драгица Николчевиќ, која живее во близина на несреќната старица во Штрпце и која редовно ја посетувала и и помагала околу домашните работи.

Злобна внука

-Беше ужасно, влегов во куќата зошто секој ден ја посетував  Драгиња и затекнав ужасна глетка. Телото беше искасапено, а крв имаше насекаде, раскажува потресената Драгица.

Роднината на убиената Драгиња вели дека телото на старицата била кај вратата па се претпоставува дека се обидела да побегне од лошата внука.

-Видов стап покрај нејзиното тело па претпоставувам дека со неа ја бркала и ја тепал. Телото беше избодени речиси целото, не знам ни сама колку убоди имаше. Веднаш отидов до соседот и повикавме полиција. Во какви маки умре кутрата моја Драга, раскажува расплаканта роднина.

Извор на српски Курир близок до истрагата вели дека Драгиња е избодена со 40 убоди и дека телото и било помодрено од удари со стап.

-Телото на старица беше посинето, веројатно од удари со стап. Крв имаше насекаде и по ѕидовите и по тепихот. На сето зло тоа не му беше крај зошто покрај толку убоди со нож, внуката на Драгиња и ги ископала очите и отсекла ушите.

Ludača... Nataša Nikolčević

Ритуали на гробишта

Мештаните тврдат дека Николчевиќ често ја малтретирала бабата и и барала пари, а велат дека и се дрогирала. Според други, Наташа била опседната со црна магија. Велат дека неколку пати ја виделе како ноќе оди на гробишта и дека многу чудно се однесувала.

-Покрај тоа што чудно се облекува и шминка, има и некој убиствен поглед. Буквално да ви минат морници додека ја гледате. Мојот маж кој работи ноќе ми рече дека неколку пати ја видел како оди на гробишта навечер. Претпоставувам дека има некои ритуали таму, а јас неколку пати низ прозорец видов како доцна по полноќ излегува пред куќа и кружи околу неа и си зборува нешто тивко, раскажува сосетката која живее блиску до покојната Драгиња.

Заминала во кафеана по убиството

Сведок изјави дека по убиството бил во кафеана во Брезовица и разговарал со убиецот без да зне што направиал претходно.

-Седев со сруштво во кафеана, а таа беше на масата покрај нас. Почнавме да разговараме, но забележав дека многу чудно се однесува. Ме прашала дали постои некое сместување во близина, а јас и понудив да и обезбедам сместување во Штрпце, а таа одби. Моите пријатели и јас и понудивме превоз до Штрпце, а таа исплашено одби. Утрото ме пречека таа вест. Страшно можев да поминам како нејзината тетка, вели момчето.

Телото на покојната баба е пронајдено во саботата наутро, а Николчевиќ е уапсена во приватен хотел во Брезовица кај Штрпце, каде побегнала по монструозниот чин, и сега е во притвор. Инаку, Наташа е родена во Штрпце, а нејзиниот татко Душан, кој починал пред неколку години е роден брат на убиената старица. Кога родителите и се развеле, Наташа отишла да живее со мајката во Белград.