-->
-->
Билансот на загинатите во свлечиштето во Гватемала достигна 131 лице
-->
Билансот на загинатите во свлечиштето во населено место крај главниот град на Гватемала достигна 131 лице, а уште 300 лица и натаму се водат како исчезнати, изјавија претставници на спасувачките служби, јави БТА.
Несреќата се случи ноќта спроти петокот, а спасувачките операции времено се прекинати поради поројните дождови во регионот на местото Санта Катарина Пинула, на 15-тина километри од главниот град Гватемала Сити.
Во спасувачките операции учествуваат 892 лица и 80 машини за расчистување на теренот.
Во четири часот изутрината според Гринич истече 72-часовниот рок, во рамките на кој се претпоставуваше дека може да се пронајдат преживеани лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран