„Билд“: Дали Германија се умори од Меркел
Германија е уморна од Меркел? Ова прашање пред своите читатели го поставува најтиражниот германски дневен весник „Билд“ во контекст на истражувањето на јавното мислење, според кое, конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел имат помала доверба од левоцентристичката Социјалдемократска партија на Германија (СПД).
Според анкетата на агенцијата ИНСА, што ја пренесува „Билд“, Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел има рејтинг од 30 отсто, а СПД има еден процент повеќе или 31 отсто поддршка во јавноста, во пресрет на парламентарните избори во септември годинава.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, една од причините за промената на ставот на јавноста е тоа што кандидатот за канцелар на СПД, Марин Шулц, не беше дел од владината коалиција во изминнативе четири години и сега слободно може да ги критикува владините политики со цел да добие поени во јавноста.
СПД, која е помалиот партнер во „големата коалиција“, последен пат водеше во анкетите во времето кога нејзин лидер беше Герхард Шредер во 2002 година, но со именувањето на поранешниот претседател на Европскиот парламент, Шулц за канидат за канцелар, социјалдемократите добија „ветер во грб“ и зголемена поддршка во јавноста, оценува „Билд“ вo својот уреднички коментар.
- Неизвесната трка меѓу СПД и ЦДУ во секој случај е добро за германската демократија, иако зајакнувањето на социјалдемократите ги намалува шансите за нова владина коалиција меѓу двете најголеми партии, пишува „Билд“.
Предходно, СПД водеше разговори со сојузот Зелени и партијата Левицата за можноста за формирање левичарска влада.
Канцеларката Меркел во два наврати досега беше на чело на „голема коалиција“ меѓу ЦДУ и СПД, од 2005 до 2009 и од 2013, па до сега. Во двата случаи и математички беше невозможно Германија да дообие поинаква владина коалиција.
Неколку други истражувања на јавносто мислење спроведени во последниве десетина дена покажуваа и дека разликата во рејтингот меѓу двете најголеми германски партии е десетина проценти.
Ново на Сител
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и потопло
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии