Бишоп: Австралија ја поддржува миграциската политика на Трамп

Австралија ја поддржува миграциската политика на претседателот на САД Доналд Трамп, изјави синоќа австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп, коментирајќи ја одлуката на Трамп привремено да се забрани влезот во САД на државјаните од седум муслимански земји, јави ТАСС.
Бишоп, која е на работна посета во Лос Анџелес, изјави дека имала два телефонски разговори со потпретседателот на САД Мајк Пенс, со кого разговарала за билатералната соработка.
- Уверена сум, дека Владите на двете земји ќе продолжат да си укажуваат взаемна поддршка во извршувањето на строгата миграциска политика и заштита на границите, истакна таа.
Бишоп додаде дека Владата на Австралија активно соработува со Вашингтон, со цел да можат Австралијанците да ја задржат можноста за посета на САД, а Американците на Австралија.
Ново на Сител
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
