Бискупот Стојанов во посета на привремениот транзитен центар за бегалци во Гевгелија

Католичката црква на Македонија преку својата хуманитарна организација „Каритас“ ќе продолжи да им помага на мигрантите од Блискиот исток кои транзитираат низ државата, рече бискупот Киро Стојанов при денешната посета на привремениот транзитен центар за бегалци во Гевгелија.
При обиколката на центарот бискупот Стојанов ја посети кујната што ја отвори Католичката црква и се интересираше за моментната состојба со бегалците.
Бискупот Киро Стојанов оствари средба и со градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, од кого беше запознаен со состојбата околу бегалската криза, со проблемите со кои се соочува општината при справувањето со кризата како и со нејзините потреби за уште поефикасно справување со наметнатите проблеми од моментот на пристигнување во кампот во Гевгелија до заминување на бегалците кон земјите од Европката унија. им/аа/16:29
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
