Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Тендерите се уште не се завршени, дел од нив не се ни почнати, така што во овој момент би било некоректно да шпекулирам какви би биле цените, но не верувам дека би имале некои проблематични одлуки коишто би влијаеле на буџетот на домаќинствата, истакна вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Посочи дека РКЕ во овој момент ги анализира барањата за цената што веќе ги доставија МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, а како што рече, во декември ќе ги достави и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Токму од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, додаде, најмногу ќе зависи крајната цена по која потрошувачите ќе ја плаќаат струјата по 1 јануари.
-Најбитните елементи што ќе ни влијаат на одлуката која ќе се применува од 1 јануари се трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа и ќе зависат и од трошокот за набавка на електрична енергија што ќе го распише универзалниот снабдувач. Во најголем дел тие трошоци зависат од цените кои ќе бидат понудени на тендери. Секогаш сум бил противник на какви било екстремни шокови во однос на цената на електричната енергија, така што не очекувам ни сега да има некои проблематични цени во однос на тоа што сме го имале во претходниот период, рече Бислимоски во интервју за ТВ Сител.
Годинава, како што кажа, РКЕ првпат определува цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија во постапки за податоци кои компаниите треба да ги достават до 30 септември.
-Компаниите во одреден дел не беа баш докрај подготвени за тоа и поради тоа податоци што ни ги доставиле во барањето не се до крај добри и од тие причини најверојатно имаат побарано зголемување, толку колку што имаат побарано. Апсолутно нема да има прифаќања, но ги анализираме овие барања во моментов. Сигурен сум дека со нашите одлуки компаниите ќе си работат нормално и вообичаено и од 1 јануари 2025 година при тоа водејќи сметка на ниту еден начин да не бидат погодени домаќинствата и малите потрошувачи, потенцира Бислимоски.
Во 2023 година на ниво на држава, како што кажа, имаме рекордно низок процент на увоз на електрична енергија од 2,75 проценти.
-Тоа пред се е поради тоа што во изминативе три години се изградија околу 900 мегавати нови производствени капацитети кои произведуваат електрична енергија од сонце и од ветер, така што 2023 беше година со рекордно низок увоз на електрична енергија. Согласно податоците што ги имаме сега, верувам дека и 2024 година ќе биде на тоа ниво и Македонија во наредниов период во најголем дел ќе успева да си ги покрива своите потреби од електрична енергија, пред се заради инвестиции во обновливи извори на енергија. Исто така, очекувам да има и нови инвестиции во изградба на нови конгенеративни постројки, рече Бислимоски.
За измените на Законот за енергетика истакна дека во најголем дел се однесуваат на регионалното поврзување на пазарите и на електрична енергија и на природен гас.
-Тоа се обврски коишто ги преземала Македонија со зачленување во Енергетската заедница и сето тоа ќе ни овозможи да започнуваме пазарно спојување на нашиот пазар на електрична енергија со пазарите во соседните земји. Сето тоа по еден среднорочен период од 5 до 10 години ќе значи Македонија да биде дел од еден заеднички паневропски пазар, посочи Бислимоски.
Со новиот закон за енергетика, додаде, се поедноставуваат и се појаснуваат условите за поставување на батериите коишто ќе се користат за складирање на електрична енергија произведена од фотоволтаици и ветерни паркови.
-Дополнително се поедноставуваат процедурите за вадење на лиценци во РКЕ, но најбитно е тоа што ние како земја во целост, мислам дека ќе бидеме прва во регионот што ќе ги имплементира во своето национално законодавство последните директиви на Европската унија кои се однесуваат на енергетиката, нагласи Бислимоски.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец