Битиќи: Големи се перспективите на белгиско-македонските економски и инвестициски односи

Можностите за продлабочување на економските и трговските односи со Белгија беа тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи со амбасадорот на Кралството Белгија во земјава, со седиште во Софија, Фредерик Мерис.
Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Мерис, информираат од владината прес-служба, потенцираа дека економската соработка помеѓу двете земји е на солидно ниво и изразија очекување дека трговскиот биланс ќе продолжи со позитивни стапки на раст.
На средбата, како што додаваат, белгискиот Амбасадор, Мерис, го информираше вицепремиерот Битиќи за интересот на бизнисите поврзани со Белгија кои работат во земјава, вклучувајќи ги и компаниите основани во Белгија со силни врски со Северна Македонија да го официјализираат нивното присуство и активности во земјата во рамките на формирање на еден бизнис клуб/форум Белгија-Северна Македонија, кој несомнено ќе влијае за уште поголемо присуство на белгиски компании во земјата.

Вицепремиерот Битиќи од негова страна, рече дека перспективите на белгиско-македонските економски, трговски и инвестициски односи се големи, при што го информираше белгискиот Амбасадор за можностите кои ги нуди нашата држава за странските инвеститори.
Битиќи, се вели во соопштението, рече дека земјата минатата година ги хармонизираше царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали за индустриско производство со тие на ЕУ, со што на странските компании им се изедначуваат условите за работа со оние кои ги имаат дома, но истовремено го информираше амбасадорот Мерис и за воведувањето на дигиталниот асистент АДА, кој на странските инвеститори ќе им одговори на прашања поврзани со условите за инвестирање и начинот на добивање државна помош.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
