Битиќи: Граѓаните да бидат смирени, секој денар за кој се задолжуваме, оди за нивните потреби
Се додека професионалците од Комисијата за заразни болести велат дека не е дојдено време за порестриктивни мерки, ќе останам на истиот став – дека мора тоа и да го испочитуваме. Го следиме и за нас е релевантен секој коментар, на секој граѓанин, но ние мора да се грижиме за сите подеднакво, и за граѓаните и за стопанството и за здравстените работници. Во овој момент не треба да гледаме дали некому ќе удоволиме, а на друг ќе му направиме штета, туку сакаме штетата да биде помала секаде, во секој сегмент, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Во интервју за дневникот на ТВ Сител, Битиќи потенцира дека задолжувањето на државата е за добро на граѓаните, за да се обезбедат нивните елементарни потреби и тоа прашање, иако сега многу „жешко“, за неколку години ќе биде сосема ирелевантно.
Владата, напоменува Битиќи, будно следи се што се случува, ги следи сите индикатори од граѓаните, стопанството и социјалната сфера и реагира соодветно. Скоро на секоја седница се носат дополнителни мерки – за групи граѓани, за јавни претпријатија, за компании, зашто се увидува дека сега треба да се излезе во пресрет. Така ќе биде, најави, до крајот на оваа и почетокот на идната година.
-Ќе повторам, граѓаните треба да бидат смирени. Секое задолжување се прави зашто е потербно некој да се грижи за нивните елементарни потреби. На граѓаните треба да им се обeзбеди вода за пиење, инфрастурктура, подобри здравствени и образовни услуги. Секој денар за кој се задолжуваме, оди за потребите на граѓаните. Само таков пристап ќе обезбеди тие да чувствуваат дека некој се грижи за нив, но и економијата ќе почувствува дека некој и помага, дека има партнер од другата страна кој ги следи развојните политики. Задолжувањето се прави со цел подобрување на квалитетот на животот и за добро на граѓаните, потенцира вицепремиерот.
Според него, категоризациите на црните сценарија се непотребни во овој момент.
Во однос на Буџетот за 2021 година и оценката на бизнисмените дека е преамбициозен со 3,5 милијарди евра на приходната страна, Битиќи е уверен дека ваквата проекција е оптимална, ниту е песимистичка, ниту оптимистичка.
-Имаме капацитет како економија, како стопанство, да собереме толку даноци, дециден е Битиќи.
На прашањето, пак, дали Владата може да биде сигурна дека дефицитот ќе остане само половина милијарда во 2021-ва, како што е проектирано во Буџетот, Битиќи одговори дека истото прашање треба да им се постави на сите земји во светот.
-Се обидуваме да направиме предвидувања во период на непредвидливост. Сепак, остануваме на ставот дека дефицтитот ќе биде во тие рамки и на среден рок ќе го вратиме на пониско ниво од она што беше пред КОВИД-от, кога бевме во многу добра кондиција, нагласи вицепремиерот.
Тој уште еднаш потсети на своето поранешно укажување – дека погрешните политики креираат сиромашни работни места. Затоа, подвлече, оваа Влада ќе креира нови работни места, повисоко платени, кои ќе овозможат достоинствен живот.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО