Битиќи: Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона
Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа функција.
– Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем. Тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат, Владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе, истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.
Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласува дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси. Ставени се на располагање сите капацитети, вклучени се ТЕЦ Неготино со два котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве, како што најави, ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници