Битола: Пијани малолетници затекнати на забава, кривична пријава за 19-годишник кој набавил алкохол
На 23.10.2022 во 22.30 часот во СВР Битола е пријавено дека во изнајмен објект на ул.„Елпида Караманди“ во Битола, каде се одржувала прослава, биле присутни малолетни лица кои консумираат алкохол. Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција, Отсек за општ криминал при СВР Битола и Полициската станица Битола излегле на местото, при што било констатирано дека на малолетници им било овозможено консумирање на алкохолни пијалаци, набавени од В.С.(19) од Битола, кој бил присутен на местото, со што постои сомнение дека сторил кривично дело казниво по чл.204 ст.1 од Кривичниот законик.
При контрола кај девет малолетници е утврдено присуство на алкохол и истите се предадени на родителите. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители
-
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица