Македонија
20. April 2016 - 13:41

Битолчанец ја присилувал својата невенчана сопруга на проституција.

Секторот за внатрешни работи на  Битола поднесе кривична пријава против М.К. (23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“ и „загрозување на сигурноста“.
 
Според информациите од полицијата,  во текот на февруари и март 2016 година пријавениот во повеќе наврати ја носел Џ.Р. (24) од Битола  со која живее во вонбрачна заедница  на излезот од Битола и со употреба на физичка сила и сериозни закани ја присилувал на проституција.