Битолчани поразени на гостувањето кај европскиот шампион

Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа пораз 36:26 на гостувањето кај европскиот првак Магдебург. Домашниот тим ја потврди фаворитската улога и остана единствената непоразена екипа во групата, додека битолчани се на претпоследното место со една победа во првото коло против Загреб.
Резултатска неизвесност имаше до средината на првиот дел кога Магдебург имаше гол предност, а последен пат беше 8:7. По овој резултат следуваше серија 4-1 за бундеслигашот за 12:8 и на полувреме беше 19:13 за Магдебург.
Во вториот дел Е.Пелистер намали на 22:18, но до крајот на дуелот домашниот тим беше убедлив и стигна до двоцифрена победа 36:26.
Најефикасен на дуелот беше Омар Магнусон со 10 голови (без промашување), а кај Еурофарм Пелистер Филип Кузмановски постигна 6 голови.
Македонскиот шампион следниот натпревар го игра на домашен терен на 12.ноември против ПИК Сегед.
МИА
Ново на Сител
-

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра
-

Зеленски: Поправката на нафтоводот „Дружба“ не може брзо да се заврши
-

Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на земјава
-

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП
-

Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка
-

Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран
-

Иран и САД влегуваат во клучна рунда преговори во Женева
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
