Битолскиот театар гостува на фестивалот ФИАТ во Подгорица

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер ќе настапи на Интернационалниот фестивал на алтернативен театар-ФИАТ што се одржува во главниот црногорски град, Подгорица.
На фестивалската сцена битолските актери ќе ја изведат претставата „Хамлет машина“ од Хајнер Милер во режија на Андраш Урбан.
- Вечер е првото од двете гостувања во странство што ќе ги реализираме во овој дел на годината. На фестивалот ФИАТ ќе настапат актерите Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Петар Горко, Никола Пројчевски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Илина Чоревска и Борче Ѓаковски. Веднаш потоа во Битола ќе ги довршиме подготовките за Израел каде на крајот месецот ќе настапиме во Тел Авив и ќе ја одиграме претставата „Среќен крај“ на Идо Нетанјаху, истакна Благој Мицевски, уметнички директор на Битолскиот театар.
Меѓународните претставувања ќе ги заокружи актерот Никола Пројчевски кој на покана на Шекспировиот „Глоб театар“ идниот месец ќе учествува во интернационален театарски проект во Лондон.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
