Битолското 3Д кино во филмскиот магазин Europa cinemas network review
Во пресрет на Канскиот филмски фестивал, најновиот број на престижниот филмски магазин „Europa cinemas network review“ нуди куси стории за оригинален креативен пристап и комуникација со кино-публиката, а меѓу ретките е и репортажата за Битолското 3Д Кино.
Основната мисија на киното на НУ Центар за култура-Битола е создавање публика за уметнички филмови, почнувајќи од најмладите гледачи во Македонија, посочува Борче Димитровски, директор на националната установа за која воедно се пишува во филмскиот магазин.
- Во изминативе години главна цел на нашата програма е филмската активност. Со подршка на Еуроимаж-програмата, големата сала ја опремивме со врвна технологија на DCP проектор. Резултатот од оваа инвестиција е драстично зголемениот број посетители и филмски проекции. Нашата цел е да понудиме добра квалитетна филмска програма која ќе има и едукативен елемент за филмската уметност, но и да создадеме и понудиме програма која ќе ги исполни очекувањата и потребите на публиката. Вистинскиот предизвик е да се направи рамнотежа помеѓу квалитетот и количината, изјавува меѓудругото Димитровски во филмскиот магазин “Europa cinemas network review”.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп