-->
-->
Бизарна несреќа: Скопјанец паднал по скали и починал на лице место
-->
Трагедија ја потресе Македонија во текот на вчерашниот ден. Скопјанец почина во бизарна несреќа околу 03 часот во селото Другово во Кичево, кога во изнајмена куќа паднал по бетонски скали.
Според податоците од полицијата, Се работи за 66-годишниот Р.Џ. кој престојувал во една просторија на куќата, а додека се симнувал по бетонски скали, паднал на грб и со тилот удрил во скалило. Мажот се здобил со повреди и веднаш од страна на други лица кои престојувале во истиот објект бил пренесен во Медицинскиот Центар Кичево, докторите можеле само да констатираат смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата во Кичево.
Ќе се врши обдукција на телото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Камењецки: Зошто Путин за време на војната за прв пат облече војничка униформа
-
Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје
-
Експерти на ОН го обвинуваат Израел за геноцидни постапки и сексуално насилство во Газа
-
Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна
-
ФСБ спречила пакети со рачно изработени бомби да стигнат до војници и државни службеници
-
При претрес во Tетовско пронајдена дрога, приведен 19-годишник
-
Египет ја поздрави одлуката на Трамп да не бара од Палестинците да ја напуштат Газа
-
Оружје и муниција пронајдени кај 71 годишен жител на Струшко