Бизарна смрт: Во болница го „вшмукала“ магнетна резонанца
Триесет и двегодишен маж од Индија починал во бизарна несреќа со апарат за магнетна резонанција во болница во Мумбај. Рајеш Мару починал во саботата кога тој и Хариш Гопал пренеле жена која била нивна роднина во болница. Пациентката била на носила, па Мару и Гопал влегле во собата за магнетна резонанција носејќи боца со кислород по барање на докторот.
Иако лекарите им потврдиле дека апаратот за магнетна резонанција не е вклучен, тоа се покажало како неточно бидејќи во еден момент апаратот одеднаш започнал да ја повлекува железната боца со кислород кон тунелот во кој влегува пациентот притоа заглавувајќи ја раката на Мару заедно со боцата. Мару најпрвин ги загубил прстите додека еден од болничарите и неговиот роднина се обидувале да го ослободат.
„Цевката за кислород се одвоила од боцата и почнала да пропушта. Притоа Мару вдишал голема количина кислород поради што паднал во несвест", изјавил полицискиот инспектор, Саваларам Агаване.
Мару потоа бил итно пренесен во одделение за интензивна нега, но и покрај медицинските напори, починал неколку часа подоцна. Полицијата спроведува истрага врз основа на пријавата поднесена од роднината Гопал. Оттаму за виновен го товарат медицинскиот персонал, вклучително и чистачката, поради тоа што апаратот за магнетна резонанција останал вклучен во присуство на метални предмети.
„Ја одредуваме точната низа на настани што довеле до инцидентот", додаде Агаване. Портпаролот на полицијата, Дипак Деореј, набргу потоа изјави дека лекарот и уште еден член на персоналот се уапсени поради убиство од небрежност.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?