Бизнис информативен центар во Кавадарци
Бизнис информативен центар се гради во Кавадарци, како плод на прекуграничната соработка со општина Воден или Едеса од Република Грција. Во рамките на проектот финансиран од Европската Унија со околу 250 илјади евра, кој има за цел да го поддржи бизнис секторот во пограничниот регион, денеска се одржа настан насловен „Кластерско поддржување на бизнис сектoрот”.
Тодор Ефремов, раководител на Одделението за локален економски развој при општина Кавадарци, информираше дека во наредните 15 месеци следуваат повеќе активности во рамките на проектот меѓу кои организирање на заеднички бизнис средби, едукации за претприемачи..
Според Ефремов најкрупна активност е изградбата на бизнис информативниот центар, која веќе се реализира во поткровјето над градската библиотека во центарот на Кавадарци. Ќе се изградат шест канцеларии кои бесплатно ќе бидат дадени како поддршка на новите бизниси и претприемачи, па ќе им бидат шестмесечна поддршка од локалната самоуправа.
-Се очекува овој проект да придонесе да има што поголема економска соработка помеѓу бизнисмените од двете општини. Тоа е само еден од многуте проекти кои ги имаме реализирано, а се финансирани од Европската Унија, нагласи Ефремов.
Задоволство од соработката во изјава за медиумите изрази и Евангелис Кириаку, директор за туризам од општина Воден. Тој потсети на веќе реализираниот проект „Кајмакчалан гастрономски патишта”.
-Единствено нешто кое не дели е една планина која е триесетина километри одовде. Со новиот проект сакаме да ја поддржиме претприемачката атмосфера во пограничната економија. Цврсто сме убедени дека ако сакаме да ги донесеме туристите од Америка или од Азија, треба да работиме заедно во насока на промоција на нашата култура и традиција и развој на туризмот, рече Кирјаку.
Александар Ристовски, претседател на Кластерот за туризам на Тиквешкиот регион и менаџер за туризам во винарската визба „Тиквеш” нагласи дека ваквите средби се со цел двете бизнис страни да се запознаат подобро и да можат да развиваат заеднички визии и стратегии, околу искористувањето на ресурсите.
- Нашите ресурси се земјоделските производи, виното, кои се поврзани со туризмот, убавините како Кожуф и Тиквешкото Езеро. Како кластер за туризам, се надевам дека иницијативата ќе ја препознаат другите субјекти во туризмот во Кавадарци, дека ќе ни се приклучат. Се со цел да направиме туристички продукт кој ќе трае подолго. Притоа ќе овозможи да се презентираме на нашите посетители и да имаме економски ефекти од тоа, отворање на нови работни места и слично, додаде Ристовски.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата