Спорт плус
5. August 2015 - 9:50

Блажевски 33-ти на 200 мешано на СП во Казањ

Македонскиот пливач Марко Блажевски денеска во квалификациите на 200 метри мешано исплива резултат 2:04.79 минути на Светското првенство во Казањ и за 40 стотинки не успеа да ја исполни Б нормата за ЛОИ во Рио. За Блажевски останува и трката на 400 мешано се плива во недела на овој шампионат. Шанса за исполнување на норма Блажевски ќе има и на другите натпревари до 31.мај 2016 година.
Блажевски го освои 6.место во својата група 2, а во вкупна конкуренција на 47 пливачи се пласира на 33.место.