Блејк Шелтон е новото момче на Гвен Стефани
Музичката двојка Гвен Стефани и Гавин Росдал неодамна објавија дека се разделуваат по 20 години заеднички живот.
Пејачката тогаш изјави дека тешко ја поднела разделбата, но сепак изгледа дека не тагуваше предолго.
Имено, нејзин нов избраник е кантри пеачот Блејк Шелтон, кој исто така неодамна се разведе од својата сопруга Миранда Ламберт.
Гвен и Блејк се долгогодишни пријатели и соработници. Тие се дел од во жирито на тален шоуто „Војс“, па изгледа дека таму е местото каде почнала нивната љубов.
Гласините за врската меѓу Гвен и Блејк почнаа откако на забава за Ноќта на вештерките тие се појавиле држејќи се за рака.
Американските таблоиди сега тврдат дека гласините сепак биле вистинити, а и самата Гвен неодамна во Шоуто на Рајан Сикрест призна дека Блејк е „многу згоден“.
За тоа време нејзиниот поранешен сопруг е виден како сам ужива на плажа со утринско кафе. Тој се уште го носи венчалниот прстен на својата рака.
Но, и тој не изгледа лошо за неговите години, па веројатно нема долго време да остане сам.
Ново на Сител
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп