Балкан
20. July 2015 - 9:09

„Блиц“: Членовите на претседателството на БиХ во Белград ќе ги чуваат 1.000 полицајци

За безбедноста на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, што во среда ќе пристигнат во посета на Белград, ќе бидат ангажирани 1.000 полицајци во униформа и цивилна облека, пишува весникот „Блиц“. 

Бакир Изетбеговиќ, Младен Иваниќ и Драган Човиќ доаѓаат во посета на повик на српскиот премиер Александар Вучиќ, откако тој беше нападнат на 11 јули во Сребреница. 

Според весникот денеска во Белград се очекува да пристигнат и припадници на босанската Државна агенција за истрага и заштита (СИПА), кои ќе имаат состанок со српските колеги. На состанокот треба да биде утврдена и патеката на движење на гостите.