Блинкен: Важно е да се усвојат мерки за деескалација на тензиите меѓу Израелците и Палестинците
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег, изјави дека е тажен поради смртта на недолжните палестински цивили во израелско-палестинското насилство.
„Дозволете ми на почетокот да изразам сочувство и тага поради смртта на недолжните палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во минатата година“, рече тој во седиштето на палестинската управа во Рамалах на Западниот Брег, палестинска територија. окупирана од Израел во 1967 година.
ОН процениле дека минатата година бројот на жртви на Западниот Брег бил најголем од 2005 година. Израел во некои случаи призна дека неговите сили по грешка убиле цивили во рациите.
„Палестинците и Израелците имаат се полемо чувство на несигурност, стравот се шири се повеќе и повеќе во нивните заедници и во нивните места за богослужба. Сметаме дека е важно да се усвојат мерки за деескалација, да се запре насилството и да се намали напнатоста (…)“, додаде Блинкен, повикувајќи да не се презема ништо што може да го загрози решението во форма на две држави, израелската и палестинската.
Тој ги спомна „проширувањето на (израелските) населби, легализацијата на илегалните колонии (што владата не го одобри), уривањето и иселувањето“ спроведени од израелската Влада.
Ново на Сител
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје
-
25-годишник нападнат во Аеродром од три лица - му се заканиле и со пиштол
-
Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
-
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ