-->
-->
Блиска соработничка на Трамп поднесе оставка
-->
Повеќегодишната соработничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Омароса Маниголт Њуман поднесе оставка на функцијата советничка на шефот на државата за односи со јавноста, соопшти денеска Белата куќа.Во соопштението се посочува дека Њуман поднела оставка „со намера да разгледа други можности во кариерата“.
Позната во јавноста само по лично име Омароса, таа беше една од ретките афроамерикански соработнички на Трамп. Пријателството со Трамп таа го почна со нејзиното учество во реалното шоу на Трамп „Приправникот“ во 2004 година.
Оттогаш Трамп и Њуман соработуваа на телевизиски проекти, а по неговата победа на претседателските избори, таа стана дел од тимот на Белата куќа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
