Македонија
12. January 2016 - 12:16

Близу илјада росоманци побарале легализација на дивоградбите

Легализирање на нивните објекти согласно Законот за легализација на дивоградбите досега побарале 897 жители на општина Росоман, а околу четириесетина го сториле тоа со продолжувањето на рокот за легализација.

За ова денеска информираше Слободан Ѓелевски, самостоен референт за урбанизам, комунални дејности и животна средина при росоманската локална самоуправа.

- Четириесет отсто од барањата за легализација на дивоизградени објекти се веќе реализирани, а 60 предмети се во постапка на реализација. Само три апликации се одбиени, соопшти Ѓелевски.

Тој нагласи дека дивоградбите опфатени со законските решенија за легализација, ги има како во Росоман, така и во околните населени места.