Бизнис
4. December 2017 - 14:10

Блокада на патот Градско-Прилеп од синдикатот на Фени

Членови на Синдикатот на „Фени“ ќе го блокираат патниот правец Градско-Прилеп, во знак на протест поради две неисплатени плати, јави МИА.

Патот Градско-Прилеп ќе биде блокиран од 12 до 14 часот, кај бензиската пумпа во Дреново, а сите кои планираат да патуваат натаму во овој период а немаат неодложни работи, да се воздржат од транзит по оваа делница, информираат од Синдикатот на „Фени“.

Претседателот на синдикатот Ѓоре Палитов за подоцна најави прес-конференција.