Блокадата на депонијата Русино ќе трае уште десет денови
Рампата на локалниот пат што води од Гостивар до регионалната депонија Русино ќе биде спуштена уште десет денови. Комуналниот смет од гостиварската општина повторно ќе продолжи да се носи на депонијата откако повеќе од барањата на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ беа исполнети.
Отпадот од останатите општини на депонијата не се носи од почетокот на август.
Од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ потврдија дека во меѓувреме се остварени повеќе средби и е разговарано за состојбата. Одлуката на еко активистите е да има блокада уште десет денови.
– Остануваме на нашето основно барање затворање на ѓубриштето Русино. Очекуваме во меѓувреме и одговор од останатите општини до кои се испратени нашите барања и институциите да дадат можни решенија за проблемот. Останатите барања упатени до општина Гостивар се исполнети и очекуваме деновиве да постигнеме договор за постојано дежурство од чуварска служба, вели Анастасија Дукоска од иницијатвата „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“.
Таа посочи дека решението за Русино е комплексно и бара поголем ангажман на државата. Нагласи дека нема да отстапат доколку не добијат цврсти гаранции за нова локација за депонија.
Од иницијативата нагласуваат дека на блокадата ќе останат и наредниве денови и со список од ЈП Комуналец ќе го контролираат носењето на отпадот.
Рампата на локалниот пат кон Русино е спуштена од 2 август и отогаш не се пропуштаат камиони со отпад од други општини.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието