БМВ се заби во камион на патот Струга-Дебар
Во 16 часот и 20 минути на регионалниот пат Струга – Дебар, во селото Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „БМВ“ со австриски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот С.П. од селото Добовјани и камион-Влекач „Ман“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 35-годишниот Л.Ј. од селото Делогожда.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле 52-годишниотШ.О. од Охрид и 80-годишната Е.И. од селото Велешта, сопатниците во возилото марка „БМВ“.
В.П. (25) и К.П. (18), двајцата од селото Добовјани, се здобиле со телесни повреди. На повредените им била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, но поради сериозноста на повредите Ш.О. и Е.И. се пренесени во болницата Св.Еразмо Охрид, каде се задржани на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Струга.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење