Македонија
21. јуни 2022 - 10:30

БМВ удри во млад велосипедист на „Теодосиј Гологанов“

Тешка сообраќјна несреќа се случи вчеравечер во Скопје на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на поранешната фабрика „Алумина“, откако моторно возило „БМВ“ удрило во велосипедист кој се движел по велосипедска патека. 

Полициски службеници вчера излегоа на терен, а повредениот велосипедист а со возило на Итната медицинска помош бил пренесен на Ургентен центар.

Од МВР детали за причинита за несреќата, идентитетот, како и здравствена состојба на велосипедистот се очекуваат денес во текот на денот.