Боб Дилан ја продаде целата своја колекција песни

Боб Дилан, познат како фолк-рок трубадур, чии песни станаа симбол на антивоените протести и движењето за човекови права од 60-те години на минатиот век, и кој се смета за еден од најголемите музички текстописци во Америка, го продаде сиот свој каталог на песни на компанијата „Universal Music Group“.
Како што синоќа соопшти компанијата, со договорот таа ги откупи правата на повеќе од 600 песни на Дилан, „од културниот темелник „Blowin’ in the Wind“од 1962 година, до овогодишниот еп „Murder Most Foul“
Сите овие песни сега се во сопственост на медискиот гигант.
– Не е претерување ако се каже дека овој огромен труд го љубат и обожуваат милијарди луѓе низ целиот свет.Не се сомневам дека и по многу децении, па и векови, словото и музиката на Боб Дилан ќе продолжи да се пее и свири, и да се цени, насекаде, изјави Лучијан Грејнч, претседател и главен менаџер на „Universal Music Group“.
Според овој „пресвртен договор“, компанијата нема право да ја открива сумата што му е исплатена на Дилан, но извор запознат со договорот открива дека се работи за „девет цифрена бројка во вредност од повеќе од 200 милиони американски долари“, јави Ен-би-си.
Дилан е првиот рок музичар во светот кој има добиено Нобелова награда за литература.
Негов портпарол синоќа изјави дека музичарот нема да коментира и да дава изјави за договорот.
Исплатата за првото музичко издание на Дилан во 1962 година вредела само 100 долари.
Ново на Сител
-

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
