Бобан Илиќ во притвор ќе ја чека правосилноста на пресудата

Бобан Илиќ, кој во 2016 година со своето возило го усмрти четиригодишниот, Алмир Алиу, по барање на обвинителството е однесен во притвор до правосилноста на пресудата и отпочнување на издржување на казната.
Кумановскиот суд во четвртокот му изрече на триесетгодишниот Илиќ затворска казна во траење од 6 години за делото кое го извршил по расправијата што ја имал со таткото на Алмир, а на барање на обвинителството, судот ја одобри мерката притвор за него.
Илиќ беше првично обвинет за убиство со умисла, но по новите вештачења кои беа доставени, кумановскиот суд го преквалификува делото во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Инаку во однос на овој случај, кумановскиот суд изрече и казни за Сами Демири кој беше осуден на условна казна од 9 месеци, а таткото на Алмир, Седат Алиу, доби 6 месеци условна казна. При донесувањето на пресудата, судијката образложи дека сите заедно придонеле да се случи последицата, односно смртта на Алмир.
Инаку, Бобан Илиќ и претходно беше притворен, но излезе од затворот по преквалификација на делото.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
