Бочварски: Се планира инвестиција од над една милијарда евра во железничката мрежа
Финализирањето на патниот и железничкиот Коридор 8 е предизвик и нешто на кое сме силно фокусирани во овој период. Нашата цел е со регионалните партнери, Бугарија, Албанија и Италија овој Коридор да го позиционираме во единствениот Коридор на Западен Балкан. Поради тоа планираме инвестиција од преку една милијарда евра само во железничката мрежа, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешниот панел за Кластерот 4.
Како што истакна Бочварски, ова било и темата на која пред два дена во Брисел разговарал со еврокомесарката за транспорт.
-Во текот на разговорите со еврокомесарката воедно побаравме и поддршка од европските фондови во оваа фаза на преговори, напомена министерот.
Во однос на приоритетите поврзани со кластерите 21 и 4, е, подвлече Бочварски, и алатката „е-транспорт“ која овозможува посебна граѓанска контрола врз внатрешниот и меѓународниот превоз на патници.
-На Коридорот 10 работиме на постапките за воведување интелигентен транспортен систем (ИТС) кој подразбира имплементација на мерки за поголема безбедност и информации за возачите во реално време. Во 2023 година е предвидена тендерска постапка и имплементација на ИТС, рече министерот.
Тој се осврна и на зелената агенда, нагласувајќи дека се најавени измени во Законот за градење со кои ќе се поедностави постапката за поставување фотоволтаици, како за физичките така и за правните лица.
-КОВИД пандемијата не натера да делуваме регионално и Северна Македонија во тој дел беше првата земја што воспостави „зелени коридори“ со држава членка на ЕУ, за брз и навремен транспорт на стоките и услугите, потенцира Бочварски.
Пред него се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, а дебатата ја отвори вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Ново на Сител
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната
-
Пожар во руски регион по украински напад со дронови
-
Светските лидери му честитаа на Мерц на победата, а честитки пристигнуваат и за АфД
-
Лидерот на германските либерали Кристијан Линднер ја напушта политиката по изборниот дебакл
-
Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја одбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина