Кошарка
16. September 2017 - 10:49

Богдановиќ го „полуде“ Швед

Најдобриот српски кошаркар на Евробаскетот, Богдан Богдановиќ, изјавил дека е пресреќен што со србија ќе игра во финалето на 40. континетален шампионат.

Србија во петокот ја совлада Русија 87:79 и се избори за финале, кое ќе го игра в недела против Словенија.

Богдановиќ ја предводеше Србија во полу-финалето со 24 поени, 3 скока и 4 асистенции. Бекот на Сакраменто Кингс ги разреши дилемите околу победникот со тројката за 81:74 која ја постигна на 105 секунди до крајот на мечот, а потоа со соло акција само ја потврди победата на Србија.

За кошаркарската изведба добил честитки од најдобриот руски играч Алексеј Швед.

„Тој ми рече: ‘Ти си луд’. Јас му одговорив: ‘Мајсторе на секој меч даваш по 30 поени’. Сепак најважно е кој влезе во финалето“, рекол Богдановиќ по натпреварот.

„Верував до крајот. Ви велам тоа го правам на тренинзите. Промашив некои отворени шутеви, а потоа го погодив најважниот. Тоа е кошарката, таков сум јас“, дополнил Богдановиќ.

Финалниот меч се игра в недела од 20:30 часот.