Богојески најави тужби против правни и физички лица, тврди дека создавале лажни профили со негов идентитет
Претседателот на Македонски концепт Петар Богојески денеска најави дека ќе поднесе тужби против физички и правни лица, кои, како што вели, со своето делување имале цел да создадат атмосфера на јавен линч и поттикнување закани, со што директно го загрозиле неговиот личен и физички интегритет, како и неговото семејство.
-Ве информирам дека ќе отпочнам правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и одредени политички партии, нивни функционери, невладини организации, самонаречени новинари и поединци поврзани со претходната власт на ДУИ и СДСМ. Овие субјекти се инволвирани во креирање и ширење на лажни информации и материјали, лажни профили на социјални мрежи со украден личен идентитет, лични навреди, дисквалификации, говор на омраза, омаловажување и клевети. Нивното делување има за цел создавање на атмосфера на јавен линч и поттикнување закани, со што директно се загрозени мојот личен и физички интегритет, но за жал и на моето семејство. Дел од тие креирани лажни профили и материјали, закани за физичка ликвидација и слично веќе се пријавени во Министерството за внатрешни работи и надлежните институции преземаат мерки согласно законските надлежности, соопшти Богојески.
Тој дополнува дека во претходните неколку денови биле креирани серија на лажни профили со негов идентитет, на сите можни социјални мрежи, за што тој навреме, јавно информирал. - Нивната намена беше да фабрикуваат, а во текот на последните два дена масовно да споделуваат фалсификувани и креирани, не од мене ставови, статуси и коментари на социјалните мрежи. Јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните чекори и развојот на постапката, посочува Богојески.
Претседателот на Македонски концепт неодамна беше поставен за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а за неговото именување имаше реакции од СДСМ и ДУИ.
Ново на Сител
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење
-
Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата
-
Бектеши доби нови 30 дена притвор
-
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
-
Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил
-
Обвинителството тврди дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови