Живот
5. July 2017 - 11:29

Боја што генерира чиста енергија

Научници од Кралскиот технолошки институт во Мелбурн создадоа боја што може да влијае врз водената пареа и да извлече водород, што пак, може да се користи за произведување чиста енергија.

Всушност, се работи за нијанса на кафената боја, добиена како комбинација на титаниум оксид и синтетички молибден сулфид.

Според експертите, кога ќе се изложи на сончева светлина, самата боја привлекува водород од воздухот. Титаниумовиот оксид привлекува светлина, а молибден сулфидот е полупроводник, што ги дели водните молекули на водород и кислород. Сето тоа потоа се пренесува како енергија за превозните средства, на пример.

Се претпоставува дека може да се создадат и други синтетички бои со слични својства, а се разгледуваат и методи да се произведе бела соларна боја.

Така, секоја површина што може да се обои ќе може и да произведува енергија.