Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
Напаѓачот на Абердин и на македонската репрезентација Бојан Миовски е номиниран за наградата за најдобар фудбалер во сезоната 2023/24 во шкотската Премиер лигата, која традиционално од 1965 година ја доделува Здружение на фудбалски новинари (SFWA).
Миовски, како што е соопштено денеска, номиниран е за престижното признание заедно со голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батланд, Мет О’Рајли од Селтик и капитенот на Хартс, Лоренс Шекланд.
Миовски од почетокот на оваа сезона постигна 24 голови во сите натпреварувања и беше избран за фудбалер на годината на Абердин, а се најде во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига.
Наградата за најдобар играч во изборот на шкотското Здружение на фудбалски новинари ќе биде доделена на гала свеченост на 19 мај.
Престижната награда се доделува од сезоната 1964/65 кога прв носител на признанието беше легендата на Селтик, Били Мекнил.
Низ историјата само четворица фудбалери на Абердин го освојувале престижното признание кое го доделува SFWA – Мартин Бухан (1970/71), Гордон Страхан (1979/80), Вили Милер (1983/84) и Алекс Меклиш (1989/90)
Ново на Сител
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска
-
Николоски: Имаме јасна цел извозот во Велика Британија да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од три милијарди евра
-
Утре без вода дел од скопските општини Гази Баба и Карпош
-
Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул
-
Тошковски: Бонус плата за 6.241 лица вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024
-
Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина доколку Пекинг почне трговски преговори со САД