Македонија
3. April 2024 - 11:28

Бојмацалиев: Лекарот Ацо Трповски не бил убиен во неговиот автомобил | ВИДЕО

Не во своето возило во скопска Железара, туку на друго место коешто треба допрва да се утврди бил убиен матичниот лекар Ацо Трповски, открива дополнителниот заменик министер на МВР – Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“.

„Во месец дена на територија на СВР Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не е убиено во автомобилот туку е донесено телото и оставено во автомобилот. Не се откриени мотивите за убиството“, вели Бојмацалиев.