Боливискиот претседател негира дека стои зад неуспешниот обид за државен удар
Боливискиот левичарски претседател Луис Арсе синоќа ги отфрли обвинувањата дека бил во спрега со војската во спречениот обид за државен удар – јави ДПА.
– Пучистите дејствуваа сами – рече Арсе, на неговата прва прес-конференција по обидот за пуч.
-Јас не сум политичар кој сака да стекне популарност преку крвта на народот – рече Арсе.
Боливиската војска пред два дена со оклопни возила го зазеде плоштадот пред владината палата во Ла Паз и се обиде да ги пробие неговите врати, потсетува германската агенција.
Потоа следеше жестока вербална размена во ходниците на зградата помеѓу водачот на пучот, генералот Хуан Хозе Зунига, кој беше опколен од тешко вооружени војници, и Арсе.
На крајот, Арсе ги уапси пучистите, назначи нови воени лидери и нареди повлекување на војниците од околината на владината палата.
Боливиската влада синоќа соопшти дека седумнаесет членови на армијата се уапсени, вклучувајќи ги Зунига и вицеадмиралот Хуан Арнез Салвадор – пренесе ДПА.
Како наводни главни извршители на обидот за државен удар, двајцата високи офицери се обвинети за вооружен бунт против безбедноста и суверенитетот на земјата. Тие би можеле да добијат затворска казна до 30 години.
-Ќе ја запреме оваа антидемократска мрежа, нема да мируваме додека не се изведат сите одговорни пред лицето на правдата – додаде боливискиот претседател.
Пред апсењето Зунига тврдеше дека претседателот му кажал дека ситуацијата во земјата изгледа многу лошо.
Зунига изјави дека Арсе му рекол дека е „неопходно да се подготви нешто за да се зголеми неговата популарност“ и дека треба „да ги извади тенковите“.
Владата ги отфрли обвинувањата.
-Целта на Зунига беше да ја преземе власта во земјата против волјата на народот – рече Дел Кастиљо.
Се истражуваа околностите за обидот за државен удар. Првичните извештаи велеа дека тоа можеби е предизвикано од можноста поранешниот претседател Ево Моралес повторно да се вклучи во претседателската трка.
Различни групи, наводно, биле одговорни за подготовката, организацијата и координацијата на обидот за државен удар – рече Дел Кастиљо. Според министерот, тројца други резервисти за кои постои сомневање дека биле вмешани, сè уште се во бегство.
Девет лица се повредени во неуспешниот пуч – соопшти владата.
Ново на Сител
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО