-->
-->
Болничар во САД уби четири лица, им вбризгувал воздух во вените
-->
Медицински техничар од Тексас е прогласен за виновен поради убиство на четворица пациенти на кои им вбризгувал воздух во вените по операција на срцето
Триесет и седум годишниот болничар, Вилијам Дејвис сега се соочува со смртна казна, пишува Би Би Си.
Машки пациенти во болница во Тексас, на возраст меѓу 47 и 74 години, имале „симптоми слични на напади“ и починале од смртоносно оштетување на мозокот, откако Дејвис им вбризгувал воздух во вените.
Пациентите претходно добро закрепнувале од операциите и на лекарите не им било јасно како нивната состојба драстично се влошила.
Во текот на судењето објавени се снимки од безбедносните камери на кои се гледа како болничарот влегува во една од собите на пациентите, а потоа се огласил алармот од срцевиот монитор.
Адвокатот на медицинскиот техничар, Филип Хејс, за време на судењето тврдеше дека нема конкретни докази дека луѓето починале од вбризгување воздух, изразувајќи верување дека неговиот клиент всушност бил „жртвено јагне за болницата со сериозни процедурални проблеми“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година