Македонија
24. December 2018 - 16:59

Болничари и хигиеничари од Психијатриската болница во Демир Хисар на протест

30 болничари и хигиеничари од Психијатриската болница од Демир Хисар денеска излегоа на протест барајќи да им се реши статусот. Рабoтеле со договор на дело, без здравствено и пензиско осигурување. Договорот им истекува на 31 декември и велат дека дотогаш нема да работат доколку нема слух за нивниот проблем. Ист ваков договор велат дека нема да потпишат.

-Сите сме под договор на дело, за жал, без придонеси, без ништо, а работиме во психијатриска болница во установа каде што се сите за жал психички заболени, има и судски пациенти. Се молиме да има слух владата наша, министерството за здравство и министерството за финансии да ни обезбеди парче леб. Ние не сме од сожалување тука, ние сме дојдени секој чесно да си го заработиме лебот.

-Сега сме без здравствено и пензиско, веќе 9 месеци.

-Ние ќже си ја работиме исто работата како што треба, само да ни се реши статусот,.

Директорката на болницата, Татјана Лозановска денеска за овој проблем и за систематизацијата беше на состанок во Министерството за здравство од каде бара и регулирање на работниот однос на овие лица. Во телефонска изјава ни рече дека овој персонал и е потребен на институцијата и затоа мора да се најде решение.

-Се надевам дека со изгласувањата на новите буџети ќе се средат работите, односно барањата кои јас ги испраќам до основачот за регулирање на нивниот работен однос, мислам дека ќе бидат средени тие работи. Нивниот работен однос мора да биде дефиниран зашто хигиеничарите ни требаат и на 1 јануари, кој ќе чисти на одделенијата. Откако се ангажирани од април сме состаночеле не знам колку пати, но јас не можам да преземам ништо надвор од институцијата.

Проблемот постои во сите три специјални болници во државата, а Лозановска вели дека причината се наследените неусогласени нормативни акти.