-->
-->
Бомбашки напад пред американска воена база во Авганистан
-->
Бомбаш-самоубиец детонираше експлозив пред главната американска база Баграм во Авганистан, соопштија авганистанските власти, како и високи функционери од НАТО.
„Во нападот нема мртви, но сериозно е оштетена медицинската база, која се гради за локалното население“, соопшти НАТО мисијата во Авганистан.
Еден од лекарите информираше дека болницата, која се наоѓа во близина, исто така била под оган. Тој дополни дека во болницата биле примени петмина повредени, сите од Авганистан.
Генерал Махфуз Вализада, полициски командант на северната провинција Парван, го потврди нападот, но не даде информации за жртви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза