Македонија
11. October 2016 - 16:18

Борците од Тетово бараат враќање на бистите на народните херои на градскиот плоштад

Актуелната општинска власта во Тетово како и трите претходни не наоѓаат начин да се постават бистите на двајцата народни херои кои биле остранети од градскиот плоштад пред повеќе од 10-тина години, велат од тетовски Сојузот на борци кои се единствените во градот шт организираа скромното одбележување на 11 октомври.

Сегашната администрација одговорила дека проблемот е во поранешните власти.

Реконструкцијата на плоштадот беше причина да се тргнат бистите

Бистите беа на народните херои Тодор Циповски Мерџан и Ѓоце Стојчевски Амбарче.