„Борд панда“: Дубаи е најдосадниот град
Познатиот литвански портал „Борд панда“ (Bored Panda) објави листа на 10 „најдосадни градови“ во светот, врз основа на критиките на корисниците на „Редит“ (Reddit). На листата се наоѓаат метрополите, коишто некои ги опишуваат како „места без душа“.
Туристичката атракција на Обединетите Арапски Емирати - Дубаи, во таа смисла, се најде на врвот. А пак, Доха (Катар), Сиетл и Скрентон (САД) го поделија второто место. И покрај тоа што имаат значајна економска улога, градовите како Дубаи и Доха често се критикувани поради недостигот на „културна содржина“, и постои впечаток дека изгледаат „вештачки“ во живо.
Листата најздодевни места продолжува со американски градови: Хјустон, Орландо, Индијанаполис и Детроит, по коишто следат Милтон Кејнс во Обединетото Кралство и финскиот главен град Хелсинки - посочувајќи дека современото урбанистичко планирање и ефикасност не гарантираат привлечно искуство за туристите.
Мислењата се поделени: Некои апсолутно го поддржуваат изборот, а други ја оспоруваат листата. Се чини, секој го доживува градот зависно од своите лични афинитети и интереси.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност