Борел: Многу загрижувачка е истрагата за наводна корупција во ЕП
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека истрагата на Белгија за наводна корупција во Европскиот парламент е „многу загрижувачка“.
– Секако дека веста е многу загрижувачка. Се соочуваме со некои настани, некои факти кои секако ме загрижуваат како поранешен претседател на Европскиот парламент, изјави Борел по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Белгиското правосудство изврши неколку претреси во петокот како дел од истрагата отворена кон средината на јули оваа година за наводна криминална организација која се инфилтрирала во срцето на Европскиот парламент и е осомничена за мешање во политиката на синдикатот и корупција преку Катар.
Федералното обвинителство објави дека биле извршени 16 претреси во неколку бриселски општини и дека претресите биле извршени „како дел од широката истрага за наводни дела на криминална организација, корупција и перење пари“.
При претресите биле запленети 600.000 евра во готовина, како и компјутерска опрема и телефони.
Вчера белгиското обвинителство поднесе обвинение против четири лица поради сомнение дека примале пари и подароци со цел да влијаат врз одлуките на Европскиот парламент во корист на една земја од Персискиот залив.
Во меѓувреме, Европскиот парламент соопшти дека се суспендирани овластувањата и должностите на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, а грчките социјалисти, движењето ПАСОК, чиј член е Каили, објавија дека таа е исклучена од партијата.
Ново на Сител
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата