Борел: Најсилно го осудувам секој повик за насилство
Високиот преставик за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел денеска го осуди инцидентот со нападот во Охрид истакнувајќи дека се неприфатливи изјавите кои ги даваат некои националистички политичари.
Тој за време на денешната средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази уверување дека одговорните за инцидентот ќе бидат изведени пред правдата.
-Јас сум уверен од најавата на вашата власт дека одговорните ќе бидат изведени пред правдата. Но, истовремено слушаме и неприфатливи изјави кои ги даваат некои националистички политичари, кои поттикнуваат омраза и имплицираат насилство. Тоа може само дополнително да ги зголеми тензиите и не придонесува за атмосфера која придонесува за добрососедски односи. Најсилно го осудувам секој повик за насилство, рече Борел.
Според Борел, од суштинско значење е заедничкото работење и создавање атмосфера на дијалог и взаемно почитување.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
