Борел: Русија сака да ја подели ЕУ, Унијата мора да остане обединета
Русија сака да ја подели Европската унија преговарајќи само со одредени членки, на што треба да одговори со единство, изјави денеска министерот за надворешни работи на Европа, Жозеп Борел, на пленарната седница на Европскиот парламент.
– Нашето единство треба да биде најголемото богатство во односите со Русија. Сакаат да не поделат, не им е грижа за Европската унија, рече Борел во расправата со европратениците за односите ЕУ-Русија.
Тој смета дека Русија сака да разговара со земјите -членки поединечно и само со одредени, „со оние што се важни“.
– Русија секогаш се обидува да ја подели Европската унија, а Унијата како одговор мора да остане обединета. Верувајте ми, тоа не е секогаш лесно, истакна тој.
Шефот на европската дипломатија смета дека состојбата на европско-руските односи е „потешка од кога било“ и дека „де факто нема вистинска комуникација“.
– Сепак, Русија е сосед на ЕУ и важен глобален играч, затоа е потребна нова стратегија за да се направат односите со Русија помалку конфликтни, попредвидливи и постабилни. Таа стратегија не смее да подразбира откажување од поддршката за руското граѓанско општество, бидејќи поддршката на демократијата е еден од главните приоритети на ЕУ, истакна Борел.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
