-->
-->
Борис Џонсон ќе се кандидира за лидер на британските конзервативци
-->

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон викендов се враќа во Велика Британија, јави денеска „Дејли телеграф“.
„Тајмс“ објави дека Џонсон, кој е на одмор во странство, се очекува да учествува на изборите за да стане нов лидер на конзервативците на местото на Лиз Трас, која денеска поднесе оставка од премиерската функција.
Политичкиот уредник на Тајмс претходно на Твитер напиша дека Џонсон ги слуша реакциите, но верува дека тоа е прашање од национален интерес.
Резултати од анкета спроведена на почетокот на неделата покажаа дека повеќето членови на Конзервативната партија сакаат поранешниот премиер Борис Џонсон да се врати на позицијата лидер на партијата и да ја замени Лиз Трас на премиерската функција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
