Борис Џонсон претстави план за ублажување на мерките
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска претстави план со кој ќе се стави крај на карантинот во Англија, нудејќи „претпазлив“ пристап за да не се вратат сите рестриктивни мерки што ја потресоа економијата.
Меѓу мерките што ќе бидат предложени е и отворање на училиштата почнувајќи од 8 март и тоа во четири фази, но така што тие нема да почнат со работа пред 21 јуни.
– Заканата сè уште е присутна, но можеме да преземеме чекори поради успехот на нашето здравство кое вакцинираше повеќе од 17,5 милиони луѓе низ Велика Британија, рече Џонсон.
Што се однесува до Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои се дел од Велика Британија, останува на локалните власти да утврдат како и кога да ги ублажат ограничувачките мерки.
Британците кои можат да работат од дома ќе останат во своите домови додека владата не ги утврди правилата за физичко растојание и употреба на маски на работа, додаде Џонсон.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип