Борис Џонсон: Утре е британскиот „ден на независноста“

Лидерот на кампањата за Брегзит и доскорешен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон изјави дека утрешниот ден кога Британците излегуваат на референдум за да гласаат за останување или за заминување на Велика Британија од ЕУ, претставува „ден на независноста“ за земјата.
Во последната јавна дебата во Лондон, Џонсон кој претходно беше противник на напуштањето на Унијата, ги повика британските гласачи да се определат за Брегзит и за прекинување на досегашните врски со Унијата.
Неговите симпатизери и подржувачите на Брегзит, со овации го поздравија Џонсон и неговите познати „аргументи“ за тоа дека ЕУ ја „задушува“ британската нзависност и дека дошло време да се стави крај на „подредената“ ситуација во која, како што тој тврди, се наоѓа Велика Британија.
Џонсон, заедно со петмината владини министри кои му свртија грб на лидерот на конзервативците и премиер Дејвид Камерон, ја обвинуваат и сопствената Влада за неуспехот да се запре миграцијата од земјите на ЕУ, но инсистираат дека тоа нема да случи се додека не се преземе контролата врз границите, а тоа за кампањата Брегзит, може да се постигне само со напуштање на Унијата.
Во текот на кампањата која денеска завршува, антиевропските активисти ги надоградија своите барања, па откако почнаа со плашење на луѓето со мигрантите од земјите на Унијата, а пред се од членките од Источна и Југоисточна Европа, во финишот зборуваат за „растурање“ на ЕУ, таква каква што е сега, заговарајќи постоење само на зеднички европски пазар.
Лидерот на антиевропската Партија за независност на Обединетото кралство (УКИП) Најџел Фараж, од кого и тргна анти-ЕУ хистерија во последното обраќање побара растурање на ЕУ.
Противниците на Брегзит, посебно од редовите на владејачката Конзервативна партија, во дебатата ги обвинија Џонсон и целата негова кампања, за изнесување „лажни податоци“ за ЕУ, како за миграцијата и за наводно „задушената независност“ така и за финансиите, отфрлајќи го како неточно тврдењето за тоа дека Британија дава за ЕУ - 80 милијарди фунти.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
-

Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
-

Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
-

Бројот на убиени по пукањето во училиште во Турција се искачи на девет лица, од кои осум се деца | ВИДЕО
-

Турција: Осмоодделенец, син на полицаец, со оружје од татко му во училиште уби четири лица, рани 20 па се самоуби
-

Лавров: Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум
-

Татко се самозадоволувал пред синот и го наведувал да гледа порнографска содржина и да самозадоволува
