Борис Џонсон во Прага ќе разговара за последиците од Брегзит
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон в петок ќе пристигне во Прага на средба со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек со кого ќе разговара за последиците од британската одлука за заминување од Европската унија (ЕУ), соопштија од чешкото Министерство за надворешни работи, јави дописникот на МИА.
Ова е прва посета на британски политички претставник по одлуката за т.н Брегзит.
Џонсон, пред Референдумот се залагаше за излез на Лондон од ЕУ.
Чешка, при разговорите кои се водат меѓу претставниците на Унијата и Британија постојано става акцент на тоа, нејзините граѓани и покрај Брегзитот на британскиот пазар на трудот да имаат исти права како и Британците.
Претседателот на чешката Влада Бохуслав Соботка реагираше во врска со зачестените напади на странци од средна и источна Европа во Британија, потенцирајќи дека тоа не смее да се повтори.
Ново на Сител
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар