Борисов го поддржа ставот на ЕУ против забраната за влез на осум европски граѓани во Русија
Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов напиша на Фејсбук дека го поддржува ставот на ЕУ против одлуката на Русија да забрани влез на осум граѓани на Унијата на територијата на Руската Федерација.
– Ние се придржуваме до европската солидарност, напиша тој на својот фејсбук-профил.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Европската унија излезе со заеднички став против одлуката на руските власти да забранат влез на осум граѓани на ЕУ на територијата на Руската Федерација.
Забраната за влез се однесува на претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли, потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова, како и шестмина претставници на земјите-членки на ЕУ од Естонија, Франција, Германија, Летонија и Шведска.
– Европската унија се солидаризира со сите овие луѓе. Руските дејствија нема да ја спречат Европската унија да продолжи да се залага за човекови права, демократија и меѓународно право, ниту да ги држи под одговорност виновните за прекршувања и злоупотреби. Таа одлука, која е насочена директно кон Европската унија и нејзините земји-членки е неприфатлива и неоправдана. Со неа се потенцира дека Руската Федерација досега го избра патот на конфронтација, наместо да се обидува да ги подобри односите ЕУ-Русија, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата